Водоводџија
Данилоски Груп е специјализирана фирма за водоводни и одводни системи, зад која стои 35-годишно практично искуство и доверба. Нудиме сигурни, квалитетни и долготрајни решенија за домови, згради и деловни објекти.
Нашите услуги опфаќаат:
• Изведба на нови водоводни и одводни инсталации
• Санација на постоечки инсталации и замена на дотраени цевки
• Редовен сервис, одржување и интервенции при дефекти
• Професионална монтажа на комплетна санитарија (WC елементи, кади, туш-кабини, мијалници, чешми, бојлери и вентили)
Со три и пол децении работа на терен, гарантираме прецизност, чиста изведба, стручен совет и почитување на договорените рокови. Квалитет што трае и сигурност на секој чекор.